162 санкции за непрописно престигнување

Во текот на вчерашниот ден (01.07.2022) во периодот од 14.00 до 20.00 часот Министерството за внатрешни работи спроведе зајакната акциска контрола за санкционирање на возила кои непрописно престигнуваат на територијата на Република Северна Македонија, при што санкционирани се 162 возачи. Од нив, 61 на територијата на СВР Тетово, 27 на територија на СВР Охрид, 21 возач непрописно престигнувал на територијата на СВР Куманово…
Засилените акциски контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи и заеднички да придонесеме за побезбедни патишта.

Треба да знаете
Последни објави