Приведени градежници, со багер ја прекинале доводната цевка и го оставиле без водаБашино Село

На 30.06.2022 во с.Башино Село, велешко, полициски службеници од СВР Велес ги лишиле од слобода С.И.(46) од с.Бузалково, велешко и М.Ј.(35) од Велес.

Тие биле затекнати со работна машина – багер при ископ на земја на ул.„Браќа Петковиќ” во с.Башино Село, со што предизвикале оштетување на водоводна инсталација, односно ја прекинале доводната цевка и настанал прекин во водоснабдување во селото.

Увид извршила екипа од СВР Велес, а лицата биле приведени во полициска станица.

По целосно документирање на случајот, во консултација со Јавен обвинител против двајцата ќе биде поднесена соодветна пријава.

Треба да знаете
Последни објави