Скандал: Амбасадорот на Катар тепал тренери и родители во Академијата Парк (ВИДЕО)

Лице кое се претставило како вршител на должноста амбасадор на Катар во нашата држава, Јасим Бин Хамад Ал-Тани, според тоа што може да се види на снимка објавена на социјалните мрежи, предизвикал сериозен инцидент откако се обидел физички да се пресмета со тренерите во фудбалската „Академија Парк“ каде што тренирал неговиот син, во генерацијата 2014 година, пренесува Спорт1.

Тој на крајот од тренингот, заедно со членовите на своето обезбедување, влегува на теренот и почнува да ги напаѓа тренерите. На неговата агресивност реагирале останатите присутни родители, со кои Хамад Ал-Тани потоа почнал да се пресметува.

Од МВР информираат дека кривична добилтренерот, а се истражува и тепачката.

-На 29.06.2022 во 20.30 часот Ј.Х.Џ.Х.А.Т.(43) од Катар пријавил дека додека неговиот малолетен син тренирал фудбал на игралиште во Скопје, бил турнат од страна на тренерот М.К.. Од страна на полициски службеници против М.К. е поднесен соодветен поднесок од ЗППЈРМ. Во врска со случајот, од страна на Ѓ.Х.(46), претседател на клубот, е пријавено дека по завршување на фудбалскиот тренинг, на излез од игралиштето, бил физички нападнат од страна на Ј.Х.Џ.Х.А.Т.. Од страна на Единицата за насилен криминал при СВР Скопје извршен е увид, известен е Јавен обвинител и се работи на целосно расчистување на случајот, велат од МВР.

Треба да знаете
Последни објави