Шакира и Жерар Пике се разделија по повеќе од една деценија заедно

Колумбиската поп-дива Шакира и дефанзивецот на „Барселона“ Жерар Пике се разделуваат, потврдија двајцата во изјава преку нивната ПР агенција во саботата, а која ја пренесе „Ројтерс“.

„Со жалење потврдуваме дека се разделуваме. За доброто на нашите деца, кои се наш највисок приоритет, бараме да ја почитувате нивната приватност“, се наведува во соопштението.

Шакира (45) и Пике (35) се заедно од 2011 година и имаат две деца. Тие се запознаа непосредно пред Светското првенство 2010 во Јужна Африка, кога тој се појави во музичкото видео на Шакира за Waka Waka (This Time for Africa), официјалната песна на турнирот.

Пејачката се соочува со судење поради наводно обвинение за даночна измама во Шпанија, откако ја изгуби жалбата на 26 мај. Обвинителите тврдат дека таа не платила 14,5 милиони евра данок на приход заработен во периодот од 2012 година до 2014 година.

Правниот тим на пејачката нагласи во соопштение дека ќе продолжат да го бранат нејзиниот случај со цврсти правни аргументи.

Треба да знаете
Последни објави