Киану Ривс изгледа елегантно во црн костум додека присуствува на галата „МОКА“ (MOCA 2022) во Лос Анџелес. Настанот се одржа во музејот за современа уметност Geffen Contemporary во Лос Анџелес во саботата навечер. Ѕвездата на „Матрикс“ (57) на црвениот тепих беше придружуван од неговата партнерка Александра Грант (48) со која е во четиригодишна врска.
Годишната гала-вечера е настан кој има за цел да собере средства за Музејот на современа уметност, кој е единствен музеј во Лос Анџелес основан од уметници, и посветен на собирање и изложување на современа уметност“