Грчките плажи најпребарувани на „Google“

Плажите во Грција се најпопуларни во Европа, а на стартот од новата летна сезона и најпребарувани на рангирањето на „Гугл“ (Google), наведено е во истражувањето на онлајн пребарувачот „Holidu“.

Во пребарувањето на летни дестинации на интернет, Грција е наведена како најпопуларна европска земја со 5,4 илјади месечни пребарувања и 142 илјади хаштагови на Интернет.

Италија е на второто место на листата исто така со 5,4 илјади пребарувања на „Гугл“, но со 71 илјада хаштагови на Инстаграм.

На третото место е Португалија, а во топ 5 европски дестонации се уште и Франција и Ирска.

Во истражувањето на „Holidu” се земени предвид сите европски земји. Рангирањето е направено со користење на просечен број пребарувања на „Гугл“ во последните 12 месеци за секоја земја, во комбинација со клучен збор „плажа“.

Треба да знаете
Последни објави