Search

Ѓоковиќ и Надал можат да се пресметаат во четвртфиналето на Ролан Гарос

Ждрепката за вториот сезонски гренд-слем тениски турнир Ролан Гарос која се одржа денеска ги спои патиштата кон освојување на титулата на првиот светски рекет Новак Ѓоковиќ и кралот на земјената подлога Рафаел Надал. Доколку ги победат своите противници до четвртфиналето, Ѓоковиќ и Надал за да се најдат меѓу четворицата играчи кои ќе се борат за трофејот ќе одлучат во меѓусебна пресметка.

Новак Ѓоковиќ како прв светки рекет во првата рунда за ривал ќе го има Јошихито Нишиока од Јапонија, додека пак Надал ќе излезе на мегдан со Џордан Томпсон.

Како можни четвртфинални парови се уште Зверев-Алкарас, Циципас-Руд и Медведев-Рубљов. Интересно е тоа што во истиот дел во ждребот каде што се Ѓоковиќ и Надал е и талентираниот Алкарас што значи дека само за еден од нив може да има место во големото финале.

Треба да знаете
Последни објави