Search

Германецот Шмит официјално на клупата на Бенфика

Португалскиот фудбалски гигант Бенфика соопшти дека договорил двегодишна соработка со германскиот тренер Роџер Шмит.

Португалскиот клуб ќе потпише договор со Шмит до јуни 2024 година.

Германскиот стратег стекна реноме како тренер на австриски Салцбург и германски Баер Леверкузен, а од 2020 година го предводеше холандски ПСВ Ајндховен.

На клупата на ПСВ ќе го замени поранешниот голгетер на Манчестер Јунајтед и Реал Мадрид, Руд ван Нистелрој.

Треба да знаете
Последни објави