Search

(Видо) Навивачката еуфорија го зафати Ибра и го скрши стаклото од автобусот

Милан повеќе од една деценија чека да се израдува на титулата во италијанската фудбалска Серија А. Сезонава е на чекор да го исполни тоа. Потребен му е само уште еден бод во последното коло, за да го слави скудетото.

Навивачите на Милан веќе ги зафати еуфорија, а тоа го демонстираа пред и за време на натпреварот со Аталанта на „Сан Сиро“ (2:0). Еуфоријата од навивчите се прелеа и кај играчите на Милан, а најискусниот четириесетгодишниот Златан Ибрахимовиќ не можеше да ги контролира своите реакции. Швеѓанецот со балкански корени „збесна“ во автобусот барајќи од навивачите да бидат уште погласни, а потоа со двете раце удри во шофершајбната на автобусот. Од силината на ударите на Ибра, предното стакло на автобусот се распука, а возачот веднаш реагираше покажувајќи му на Златан што направи.

Треба да знаете
Последни објави