Голема плоча згмечи двајца битолчани, едниот почина, другиот се бори за живот

Еден работник загинал, а друг е тешко повреден во несреќа што се случила вчера во фирма за изработка на надгробни споменици во Битола. МВР информира дека нереќата се случила додека работниците извршувале работни задачи, а според првичните сознанија тие растоварале гранитни и мермерни плочи од кои се изработуваат надгробни споменици.

Вчера во 15.25 часот е пријавено дека во фирма во Битола, додека извршувале работни задачи, со тешки телесни повреди се здобиле М.Ј. и М.Ш. Од здобиените повреди, М.Ј.(59) починал на местото на несреќата, а смрт констатирал лекар од Итна медицинска помош. Додека, пак М.Ш. (45) е пренесен во Клиничката болница Битола за укажување на лекарска помош. Полициски службеници и трудов инспектор излегле на лице место“, соопшти МВР.

Треба да знаете
Последни објави