Ликот што го глуми Крис Нот во „Праведник“ веќе го нема

Речиси пет месеци откако беше исфрлен од акционата крими драма „Праведник“ (The Equalizer) по обвиненијата за сексуален напад, фановите конечно ја дознаа судбината на Вилијам Бишоп, ликот што го глуми Крис Нот во оваа серија.

Нот (67) доби отказ од серијата кон крајот на декември, а „Си-би-ес“ открива дека ќе се појави во уште една епизода што била снимена пред да се појават обвинувањата против него.

Најновата епизода на „Праведник“, насловена како „Пулс“, открива зошто Вилијам Бишоп го немаше последните неколку месеци. Тој работел на истрага.

Подоцна се открива дека Бишоп загинал во авионска несреќа позади која стои непријателот на Робин Меккол (Квин Латифа), Мејсон Квин (Крис Венс).

По објавувањето на наводите за сексуален напад, реакциите беа брзи. Нот беше отпуштен од „Праведник“, а „ХБО“ го избриша неговото појавување во финалето на новата сезона на „Сексот и градот“ (And Just Like That). Тој беше исфрлен и од агенцијата A3 Artists Agency.

Треба да знаете
Последни објави