Сандра Булок жали што глумела во „Брзина 2“

Сандра Булок откри од која улога се срами.

„Брзина 2: Контрола на крстарење е филм за кој сè уште ми е непријатно што сум во него. Гласно го критикував тој филм…бавен брод што полека оди кон остров“, рече таа во едно интервју што го пренесува „Вараети“.

Во истото интервју бил и Даниел Ретклиф, нејзиниот колега од „Изгубениот град“. Тој е фан на филмот од кој Сандра денес се срами.

„Даниел и уште пет други 12-годишници кои гледаа бавен брод како полека оди кон мало островче“, се пошегува Сандра.

Филмот од 1997 година е продолжение на култниот „Брзина“ (1994). Вториот е во режија на Холанѓанецот Јан де Бонт, а главните улоги заедно со Сандра ги толкуваат Џејсон Патрик и Вилем Дефо. Филмот помина многу лошо и кај критичарите и кај публиката и беше номиниран за осум „Златни малини“, а ја освои и наградата за најлошо продолжение.

Киану Ривс глумеше во оригиналниот Speed, но одби да глуми во двојката бидејќи оцени дека нема потенцијал за втор дел.

Треба да знаете
Последни објави