Компанијата „Лимак“, која го гради мултифункционалниот комплекс „DiamondofSkopje“ во центарот на Скопје, беше дел од меѓународниот конзорциум од градежни компании кои го изградија најдолгиот висечки мост на светот „Чанак Кале 1915“ во Турција, кој беше официјално отворен за сообраќај на 18. март оваа година.
Со вкупна должина на мостот од 4.608 метри, централен распон од 2.023 метри и вкупна височина на кулата на мостот од 318 метри, мостот „Чанак Кале 1915“ е најдолгиот висечки мост со среден распон во светот. Мостот ги поврзува местата Галиполе на европска страна, со Лапсеки на азиската страна во Турција. Мостот е именуван во чест и сеќавање на една од најголемите битки за време на Првата светска војна која се случила во месноста Чанак Кале.
Во изградбата на мостот се употребени 177.000 тони челик со кој би можеле да се произведат приближно 128.000 патнички возила, како и 227.000 кубни метри бетон доволни за изградба на 5.900 станови од 100m². Вкупната должина на жиците кои се искористени на овој висечки мост достигнува 162.000km, што е четири пати повеќе од обемот на земјината топка.
По повод отворањето на мостот, претседателката на Управниот одбор на „Лимак Холдинг“,ЕбруОздемир изјави: „Го завршивме проектот работејќи дење и ноќе со околу 30.000 луѓе од 15 различни земји во текот на четиригодишниот рекорден период на изградба. Во најинтензивните периоди од изградбата, на градилиштето беа ангажирани и до 6.000 наши вработени. Верувам дека мостот,Чанак Kале 1915’, во кој учествуваа повеќе од 700 турски инженери, ќе биде значајна препорака за турските инженери и менаџери кои работат на проектирање и изградба на мостови. Особено сме горди на 49-те жени-инженери кои беа дел од проектот“.
Групацијата „Лимак“ со своите деловни активности е присутна во повеќе од 17 земји во светот, со повеќе од 60.000 вработени кои работат во неколку сектори: градежништво, енергетика, туризам, инфраструктура и други дејности. Во портфолиото на „Лимак“ се и светски познати мега проекти, како новиот аеродром во Истанбул (IstanbulGrandAirport), меѓународниот аеродром во Кувајт, хидроцентралата „Јусуфели“, која откако ќе биде завршена ќе биде трета по големина брана во светот, како и многу други. „Лимак“ беше рангирана на 56 место на листата на 250 најдобри градежни компании во светот за 2021 година во рангирањето што го подготвува EngineeringNewsRecords (ENR).
Во изградбата на мултифункционалниот комплекс „DiamondofSkopje“, која е во тек, „Лимак“ инвестира 250 милиони евра. Комплексот се простира на површина од 325.000 квадратни метри и опфаќа голем трговски центар, модерни станбени единици и луксузен хотел со 5ѕвезди „Лимак Скопје Хотел“. Целиот комплекс ќе располага со затворен паркинг простор со 3.200 места и зелен појас од околу 11.000 квадратни метри.