„Моќта на кучето“ е eден од главните фаворити во трката за „Оскар“ со 12 номинации во пресрет на свечената церемонија в недела (27 март), што сигнализира заживување на вестернот, жанрот што го негува Холивуд уште од својот зачеток.
Со оглед на склоноста на Холивуд да го имитира успехот, The Power of the Dog, приказна за мачизам и одмазда сместена во 1925 година во северозападната американска држава Монтана, сигурно ќе инспирира повеќе вестерн-проекти, предвидуваат филмски експерти.
Со стории за каубојци или пиштолџии, сместени на стариот американски запад, вестернот беше главна компонента на системот на холивудските студија во поголемиот дел од 20 век.
Во последниве децении имаше некои периоди во зависност од вкусовите на јавноста, но комбинацијата на спектакуларни пејзажи и класични теми – како што се доброто наспроти злото – честопати се покажа како неодолива за филмаџиите.
„Моќта на кучето“, готски вестерн со Бенедект Камбербач во главната улога, доминира со 12 номинации за во најважните категории, меѓу кои се издвојува таа за најдобар филм, режија (Џејн Кемпион), адаптирано сценарио (Џејн Кемпион), како и најдобар актер во главна улога (Бенедикт Камбербач).