Ана Делви ја коментира измислената верзија од себе

Ана Делви, претставена во хит-серијата на „Нетфликс“, „Измислување на Ана“, мисли дека е посамосвесна од измислената верзија од себе.

31-годишната осудена измамничка, германска државјанка чие вистинско име е Ана Сорокин, не се согласува целосно со начинот на кој Џулија Гарнер ја портретира во мини-серијата на „Нетфликс“, Inventing Anna, заснована на истражувачка сторија The Cut на новинарката Џесика Преслер.

Во разговор со „Космополитан“, Ана рече: „Мислам дека сум повеќе самосвесна за начинот на кој се откривам. Не секогаш, но едноставно не мислам дека сум толку дрска и бесрамна“.

Лажната германска наследничка, која во 2019 година беше осудена за тешки кражби и измама, тврди дека продолжила понатаму со животот од мрачните денови меѓу елитата на Њујорк. Судот ја прогласи за виновна за кражба на десетици илјади долари од банки, хотели и пријатели.

„Јас лично продолжив многу одамна апсолутно не сум на истото место. Но, ме погодува начинот на кој светот ме гледа и она што луѓето мислат за мене. Бидејќи постојам во однос на сите други и на светот, јас не постојам сама“.

„Нетфликс“, наводно, ѝ платил на Ана 320.000 долари за правата на приказната, но судијата ѝ наредил да ги искористи парите како реституција за нејзините жртви, кои вклучуваат физички лица, хотели и банки и за правни такси во висина од 75.000 долари.

Во моментов, Ана, која беше ослободена од 12-годишната затворска казна во февруари минатата година, се бори со американските имиграциски служби за да ја запре нејзината депортација назад во Европа.

Ана живеела во скапи хотели, приредувала забави, се облекувала како дива и одела на егзотични патувања. Цел Њујорк сакал да се дружи со неа, беше во затвор и неодамна доби серија од девет епизоди.

Треба да знаете
Последни објави