Режисерот Рајан Куглер исплашил вработена во банка, мислела дека е ограбувач

Режисерот на „Црниот пантер“, Рајан Куглер, бил накратко приведен од полицијата во Атланта во јануари, откако го помешале со ограбувач на банка, покажуваат видео снимки објавени од полицијата на Атланта во средата.

Куглер (35) бил приведен и потоа ослободен на 7 јануари, откако бил во Bank of America за да направи трансакција.

„Кога го добивме повикот, звучеше како некој да се обидува да ја ограби банката“, вели еден од полицајците на снимката од камерата.

Режисерот ѝ дал на благајничката вирман за подигање готовина со напомена напишана на задната страна, на која, наводно, пишувало: „Би сакал да подигнам 12.000 долари готовина од мојата сметка. Ве молам пребројте ги парите на друго место. Сакам да бидам дискретен“, пренесува „Вараети“.

Благајничката погрешно ја протолкувала ситуацијата како обид за грабеж кога сумата на трансакцијата надминала 10.000 долари и го известила нејзиниот шеф.

Треба да знаете
Последни објави