Почина легендата на Партизан, Небојша Вучиќевиќ

Денеска на 59-годишна возраст ненадејно почина фудбалската легенда на Партизан, Небојша Ушке Вучиќевиќ.
Причините за смртта не се познати, иако починал за време на натпревар во мал фудбал.

Вучиќевиќ го носеше црно-белиот дрес од 1984 до 1989 година и за тоа време одигра 140 натпревари и постигна 26 гола.

Популарниот Ушке до самиот крај бил на терените, но за мал фудбал. Во еден момент му се слошило и колабирал.

На лице место пристигнала брза помош, се обидела и со реанимација, но за жал немало помош за легендарниот фудбалер.

Освен а Партизан настапуваше и за ОФК Београд, Мец, Саламанка, Мура, Канзас Сити …

Треба да знаете
Последни објави