Роберт Патинсон вели дека неговиот Брус Вејн се разликува од тој во претходните филмови

Роберт Патинсон вели дека неговиот Брус Вејн, сиракот милијардер кој сака да го спаси Готам од негативците, има „повеќе смисла“ без плејбојската личност во Бетмен.

35-годишниот актер ја има главната улога во новиот суперхеројски блокбастер за човекот-лилјак и смета дека е подобро што неговиот лик – помлада верзија на милијардерот борец против криминалот – е изолиран од остатокот од Готам Сити.

Во интервју за „Ентертејнмент викли“, Роберт рече: „Кога мислите на Брус Вејн, некако мислите дека е плејбој, и на тој начин се маскира, па никој не знае дека е Бетмен. Откако ќе го тргнете тоа, ликот имаат повеќе смисла.“

„Има нешто во тоа кога една личност е во состојба да исцрта три неверојатно различни личности, а потоа да може да ги менува како облека по желба. Тоа е навистина многу посоциопатско од некој што нема поголема контрола над тоа и е принуден да го облече ова одело. Малку е вон негова контрола“.

Роберт смета дека има смисла неговото алтер его сè уште да се бори да се справи со трагедијата од детството, односно убиството на неговите родители кога тој бил дете.

Треба да знаете
Последни објави