Судијата од Лос Анџелес во средата (2 март) го одобри барањето на Ким Кардашијан да биде прогласена за легално сингл по речиси осум години брак со Канје Вест.
Ѕвездата на ток-шоуто „Дружење со семејството Кардашијан“, а сега и успешен претприемач, поднесе барање за развод пред една година, наведувајќи ги непомирливите разлики со раперот. Двојката има четири деца на возраст од две до осум години.
Канје (44) се спротивстави на развод и јавно апелираше неговата сопруга да му се врати. Во речиси сите објави на социјалните мрежи, тој вербално го напаѓа нејзиното момче, актерот Пит Дејвидсон од Saturday Night Live, со кого е во врска веќе неколку месеци.
Судијата Стив Кокран го одобри барањето на Кардашијан за прекин на бракот преку раздвоена постапка, што овозможува промена на брачниот статус додека се решаваат други прашања.
„Судот одобрува престанок на брачната состојба“, вели судијата во писмената наредба издадена по јавната расправа.