Ремс го освоија Супербоулот со тачдаун во последните моменти од мечот (ВИДЕО)

Лос Анџелес Ремс е новиот НФЛ шампион откако во во 56. издание на Супербоул го совладаа Синсинати бенгалс со 23-20, благодарение на тачдаун во последниот напад.

Тоа беше меч со пресврти во кој на крајот се радуваше Лос Анџелес Ремс кој беше и фаворит на овој дуел.
Натпреварот започна со тачдаун на Ремс кој поведоа со 7-0, пред крајот на првата четвртина Мекферсон со филдгол успеа да намали на 7-3.
На самиот почеток од втората четвртина Ремс го зголемија водството откако Куп направи тачдаун, но не го реализираа дополнителниот поен, беше 13-3.
Потоа следуваше серија на Синсинати, Хигинс направи тачдаун, на одморот се замина со 13-10 за Ремс.
На полувремето имаше моќно, спектакуларно хип-хоп шоу на кое настапија ѕвезди како Снуп Дог, Еминем, Др. Дре, Мери Џ, Блиџ и Кендрик Ламар.
Треба да знаете
Последни објави