Трипие има фрактура на ногата

Десниот бек на Њукасл, Киеран Трипие има фрактура на петтата метатарзална коска на стапалото на левата нога. Лошата вест и официјално ја потврдија од клубот, но од „Сент Џејмс Парк“ не прецизираа до кога ќе се опоравува членот на англиската репрезентација.
Според медиумите на Островот, 31-годишниот фудбалер ќе има операција во следните неколку дена, по што ќе мора да се опоравува меѓу шест и осум недели.

Ова е голем удар за Њукасл, кој се бори да преживее во елитата. Трипие играше на четири натпревари во Премиер лигата откако беше привлечен од Алтетико Мадрид во јануари. Во нив „Страчките“ остварија три победи и едно реми, а на последните два меча Трипие погоди по одлично изведените директни слободни удари.

Поранешниот играч на Тотенхем и Атлетико се здоби со повреда на вчерашниот натпревар со Астон Вила. Тој погоди во 35. минута, но на почетокот на вториот дел беше принудно заменет.

Треба да знаете
Последни објави