Почина југословенската шаховска легенда Бора Ивков, ги победуваше Фишер, Карпов, Спаски…

Легендарниот југословенски шахист, Бора Ивков почина денеска во 88. година од животот.

Велемајсторот што ги победуваше најголемите имиња во дервната игра во неговото време стана познат уште како младинец, кога стана прв младински светски првак во Бирмингем во 1951 година.

Истуиот подвиг го повтори во Давос во сениорска конкуренција на Светскиот шампионат во 2006 година.

Родениот белграѓанец е еден од најдобрите шахисти на сите времиња на прострите на поранешна Југославија, а во кариерата ги победуваше и најсилните во неговата ера.

Ивков има победи на таблата со 64 полиња против легендарните шахисти, Роберт Фишер, Анатолиј Карпов, Борис Спаски, Михаил Таљ, Тигран Петросјан, Василиј Смислов….

Треба да знаете
Последни објави