Повредата не е сериозна, Пандев ќе паузира една недела

Поранешниот капитен на македонската фудбалска репрезентација, Горан Пандев,не е сериозно повреден и ќе одмора само една недела.

Пандев на својот втор натпревар во дресот на Парма каде пристигна во последниот ден од зимскиот преоден рок, го постигна првиот гол.

„Гранде Пандев“ во игра влезе во второто полувреме и го постигна голот за Парма за изрманување на 1:1 против Порденоне во Серија Б, а потоа неговиот тим постигна уште три гола за убедлив триумф.

Пандев мораше да излезе од игра во 71 минута поради повреда, која по деталните лекарски предгледи е утврдемо дека не е сериозна. Станува збор за ситна повреда на мускулот поради која Пандев ќе мора да паузира една седмица и ќе ги пропушти натпреварите против Кремонезе и Тернана во Серија Б.

Парма се наоѓа на 11 место на табелата со 28 бода, шест помалку од местото кое носи пласман во плеј-офот.

Треба да знаете
Последни објави