Оскаровката Рене Зелвегер целосно се трансформира за улогата на осуден убиец Пем Хап во претстојната драмска серија на Ен-би-си, The Thing About Pam.
Зелвегер се појави во Супербоул-трејлер за крими-драмата, објавен во неделата.
Во снимката 52-годишната актерка се гледа како полека ја откриваат разни исечоци од весници додека се изјаснува за невина по обвинението за убиство.
Претстојната серија е базирана на случајот Бетси Фарија од 2011 година. Осудената моментно издржува доживотна затворска казна за убиство со умисла.
Планирано е да се прикажува истовремено и на Ен-би-си и на стриминг-услугата „Пикок“ следниот месец.
Трејлерот почнува со Зелвегер, која ја портретира Пем Хап, прикриена со написи во весници и слуша како вели: „Луѓето мислат дека ме познаваат. Не знаат ништо за мене“.