Ченинг Тејтум откри дека Аманда Сејфрид го гризнала

Актерот Ченинг Тејтум (41) е речиси сигурен дека Аманда Сејфрид (36) го гризнала кога го снимале филмот „Драги Џон“ во 2010 година, иако тој не даде никакво објаснување како и зошто.

Запрашан дали претходно бил каснат од колешка, тој рече: „Мислам дека тоа беше Аманда Сејфрид. Речиси сум сигурен дека таа ме гризна.“

Во ток-шоуто „Џими Кимел лајф“, Ченинг и Кимел разговараа за неговиот најнов филм, комедијата „Куче“ (Dog). Актерот, кој исто така е корежисер на филмот, призна дека кучето Лулу му оставило лузна.

Кимел го праша дали кучето го каснало, а Ченинг одговори: „Многу. Три пати во филмот. Имам мала лузна од смешко на задникот“.

Треба да знаете
Последни објави