Главната цел на Барса е Халанд, но и триото на Челси

Барселона ќе се обиде да најде евтино решение за засилувањата во одбраната и средниот ред (вклучувајќи тројца дефанзивци на Челси) за да може да си дозволи да го ангажира Ерлинг Халанд, тврди ЕСПН.

Конкурецијата за потписот на Халанд е голема, со Реал Мадрид, Манчестер сити и Пари Сен-Жермен на аларм за Норвежанецот, но претседателот Жоан Лапорта е сигурен дека може да склучи договор со Норвежанецот и само доколку тој план не им успее, ќе се оди со алтернатива. 21-годишниот Халанд наводно има клаузула од 75 милиони евра во договорот со Борусија Дортмунд, а Лапорта веќе имаше неколку преговори со неговиот агент Мино Рајола.

За да се обезбедат овие средства, Чави Ернандез ќе мора да се задоволи со играчи чии договори завршуваат во следните 18 месеци. Според ЕСПН, први на мета се триото на Челси – Цезар Азпиликуета, Андреас Кристенсен и Маркос Алонсо. Азпиликуета и Кристесен се слободни играчи во јуни, а Алонсо има една година од договорот со Челси. Друга опција е Хозе Гава од Валенсија, кој исто така има една година од договорот. За средината на теренот решение може да биде Френк Кеси од Милан, чиј договор завршува на крајот на летото, иако дел од изворите сметаат дека тој бара превисока плата за да биде решение.

Кога Лапорта го презеде каталонскиот гигант минатиот март, нивниот долг беше 1,4 милијарда евра, но заемот од 500 милиони евра дозволи да се репрограмира долгот, а покрај тоа се намалија трошоците со заминувањето на Лео Меси и други играчи и со намалување на платите. Се верува дека клубот е пред договор со „Спотифај“ за именување на стадионот за што Барса ќе добие приближно 200 милиони евра.

Треба да знаете
Последни објави