АМС ги објави добитниците на ваучерите: РК Вардар доби 17.5 милиони денари, давеникот Металург доби 12.5 милиони денари

Агенцијата за млади и спорт денеска ја објави листата на спортски федерации, клубови и спортисти кои ќе добијат помош преку ваучер системот.

Двојниот европски шампион, РК Вардар 1961 кој настапува во Лигата на шампионите, доби најмногу пари со ваучер системот за спортски клубови, 17.5 милиони денари, а веднаш зад нив е учесникот во ракометната Лига на Европа, Еурофарм Пелистер со 16.5 милиони денари.
Поранешниот ракометен шампион Металург, кој се наоѓа во големи финансиски проблеми од АМС доби 12.5 милиони денари кои ќе му бидат добредојдени за покривање на долговите и сотоа би избегнал суспензија во Суперлигата.
Меѓу фудбалските екипи, највеќе пари ќе добие шампионот Шкендија, 10.85 милиони денари, додека најтрофејниот фудбалски колектив во Македонија, ФК Вардар доби 7.4 милиони.
Кај кошаркарските екипи, најмногу ќе се офајдат МЗТ Скопје Аеродром кој доби 12.3 милиони, Работнички со 10.8 милиони, Куманово со 8.8 милиони и ТФТ со 8 милиони денари.

Што се однесува до спортските федерации, највеќе доби Ракометната федерација на Македонија, 15.8 милиони денари, Кошаркарската доби 13.8 милиони, а Одбојкарската 11.8 милиони. ФФМ остана без средства, а засега нема официјално соопштение зошто АМС не им додели ваучер на фудбалерите.
Кај спортистите, највеќе пари доби светскиот вицешампион во карате, Емил Павлов 500.000 денари, Оливена Наковска Бикова доби 400.000 денари, додека олимпискиот вицешампион Дејан Георгиевски и борачот Могамед Гаџи Нуров добија во 350.000 денари.

Треба да знаете
Последни објави