Хоџа за видеото на Ахмети: ДУИ се подготвува за избори и да оди во опозиција

Лидерот на интегративците, Али Ахмети на својот Фејсбук профил објави видео со збир на функционери на ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ како изнесуваат низа обвинувања на адреса на ДУИ за разни прашања. Ахмети во статусот над видеото напиша дека македонските партии постојано ја напаѓаат ДУИ за остварување на нивните дневни политики.

Според Арјанит Хоџа од Беса, објавеното видео значи дека ДУИ се подготвува за избори и претставува сигнал за камуфлирање на внатрешните проблеми во партијата на Ахмети.

-Што се однесува до она што беше објавено, тоа укажува дека ДУИ стравува, дека сепак се подготвува на изборите, било предвремени или редовни… факт е дека се подготвува да оди во опозиција. Објавувањето на ова видео е сигнал за камуфлирање на внатрешните проблеми на ДУИ, рече Хоџа за ТВ 21.

Хоџа додава дека видеата се резултат на движењата кои се случуваат во ДУИ, најавувајќи дека наредната недела дел од структурата на ДУИ ќе премине во Беса.

Во однос на видеото на Ахмети, со реакција се јави и Алијанса за Албанците.

-Ја потсетуваме ДУИ дека токму СДСМ и ВМРО, со кои долго време заедно владееја, го сочуваа овој политички субјект како бела мечка, поштедувајќи ги од правдата корумпираните функционери на ДУИ. На граѓаните и на целата јавност им е добро познато дека ДУИ никогаш не била оштетена од македонските субјекти, туку постојано била разгалена, велат од АА.

Треба да знаете
Последни објави