Усвоен Предлог-законот за спречување перење пари и финансирање на тероризам

На денешната 10 седница, Владата на Република Северна Македонија го усвои текстот на Предлог-законот за спречување перење пари и финансирање на тероризам.

Според образложението на Министерството за финансии причините за донесување на Законот произлегоа од потребата за негово усогласување со европското законодавство во областа на борбата против организираниот криминал, односно одредбите од Директива 2018/843 за спречување на користење на финансискиот систем за целите на перење пари и финансирање на тероризам од 2018 година.

Согласно ЕУ директивата и Меѓународната организација за определување дејствија за спречување на перење пари и на финансирање на тероризам (Financial Action Task Force, FATF), но новото предлог законско решение се вградени и решенија во насока на надминување на ризиците идентификувани со Националната проценка на ризикот од перење пари и финансирање на тероризам усвоена во 2020 година.

На денешната седница е усвоен Извештајот за извршените преговори за усогласување на Договорот меѓу Република Северна Македонија и Европската Унија за учество на нашата земја во програмата на Унијата „Фискалис” за периодот 2021-2027 година и е прифатен текстот на договорот.

Со учеството во „Фискалис” програмата на ЕУ Владата на Северна Македонија се стекнува со поддршка на даночните власти и оданочувањето со цел да се подобри функционирањето на внатрешниот пазар, да се поттикне конкурентноста на Унијата и правичната конкуренција во Унијата, да се заштитат финансиските и економските интереси на Унијата и нејзините земји-членки, вклучително и заштита на тие интереси од даночна измама, даночно затајување и избегнување данок, како и подобрување на наплатата на даноците.

Треба да знаете
Последни објави