Џони Мичел ќе ја повлече својата музика од „Спотифај“: Неодговорните луѓе шират лаги

Џони Мичел навести дека ќе ја отстрани својата музика од стриминг-платформата „Спотифај“, само неколку дена откако нејзиниот колега пејач-текстописец Нил Јанг го стори истото.

Во објава на нејзината официјална веб-страница, под наслов „Стојам позади Нил Јанг!“, Мичел напиша: „Решив да ја отстранам целата моја музика од Spotify. Неодговорните луѓе шират лаги кои ги чинат луѓето животи. Се солидаризирам со Нил Јанг и глобалните научни и медицински заедници за ова прашање.“

Не е јасно кога музиката на Мичел ќе биде отстранета од платформата. Претставниците на „Спотифај“и на Мичел не одговорија веднаш на барањето на „Вараети“ за коментар.

Минатиот понеделник, Нил Јанг им даде ултиматум на челниците на „Спотифај“ во отворено писмо, наведувајќи дека не сака да биде стримуван на иста платформа на која се прикажува подкастот на Џо Роган кого Јанг го обвинува за ширење дезинформации за вакцината против Ковид-19.

„Ова го правам затоа што ‘Спотифај’ шири лажни информации за вакцините – потенцијално предизвикувајќи смрт на оние кои веруваат во дезинформациите што ги шири платформата и нејзиниот подкастер,“ напиша музичарот.

Треба да знаете
Последни објави