Јокиќ и Денвер го декласираа шампионот

Кошаркарите на Денвер нагетс славеа со убедливи 136:100 на гостувањето кај шампионот Милвоки бакс, а повторно блескаше Никола Јокиќ.
Јокиќ на теренот помина само 28 минути но и покрај тоа постигна 18 поени, имаше 15 асистенции и 9 скокови.Ерик Гордон беше најефикасен во победничкиот тим со 24 поени, Морис уфрли 18 поени.Кај шампионот Милвоки Бакс најефикасен беше Јанис Адетокумбо со 29 поени, Дру Холидеј со 14, а Портис и Ален уфрлија по 11.

Тоа што дополнително ги изненади навивачите на Денвер нагетс е што Јокиќ за време на тајм-аут реши да ја земе таблата за акции од тренерот Мајк Мелоун, по што им објасни на соиграчите како да играат.

Кошаркарите на Феникс санс со победата над Сан Антонио спарс од 115:110 му овозможија на тренерот Монти Вилијамс да биде тренер на Ол стар натпреварот. Девин Букер постигна 28 поени, додека Бриџис 26.

Минесота ја победи Јута со 126-106, фантастичен натпревар одигра Таунс, кој направи трипл дабл, запишувајќи 31 поен, 11 скока и 10 асистенции, Џејден МекДаниелс додаде 22 поени од клупата.

Орландо го преживеа седмиот трипл-дабл на Дончиќ во сезоната, 34 поени, 12 скока и 11 асистенции за Словенецот. Лука го завеи својот 43 трипл дабл. Херојот на победата на Меџик беше Франц Вагнер, кој ги постигна победничките кошеви.

Резултати:
Детроит – Кливленд 115:105
Милвоки – Денвер 100:136
Орландо – Далас 110:108
Минесота – Јута 126:106
Феникс – Сан Антонио 115:110
Атланта – ЛА Лејкерс 129:101
Шарлот – ЛА клиперс 90:115
Чикаго – Портланд 130:116

Треба да знаете
Последни објави