Хансен и Карабатиќ единствени „милионери“ меѓу ракометарите

Играчите на ПСЖ, Микел Хансен и Никола Карабатиќ се најдоброплатените ракометари на светот и се единствени кои имаат плати поголеми од милион евра, што е уште една потврда дека овој спорт не котира високо на листата според платите на играчите.

Според листата на „тоталспорт“, данскиот репрезентативец има годишна плата од 1.5 милиони евра, додека Карабатиќ заработува точно милион евра по сезона.

На листата на најдоброплатени ракометари има и двајца од регионот, а еден од нив го носеше и дресот на Вардар, тоа е Лука Циндриќ.
Циндриќ кој во 2017 година со Вардар триумфира во Лигата на шампионите, сега во Барселона заработува 700.000 евра по сезона и се наоѓа на шестото место.

Ракометарот на Кил и на хрватската репрезентација, Домагој Дувњак е четврти на листата со 800.000 евра. На третото место се наоѓа данскиот ветеран Ханс Линдберг кој во Фуксе Берлин заработува 850.000 евра по сезона.

Само девет ракометари заработуваат најмалку 500.000 евра, а десеттиот најдоброплатен играч е Аитор Арино од Барселона со 475.000 евра.

Топ 10 најдоброплатени ракометари:
1. Микел Хансен (ПСЖ) – 1.500.000 евра
2. Никола Карабатиќ (ПСЌ) – 1.000.000 евра
3. Ханс Линдберг (Фуксе Берлин) – 850.000 евра
4. Домагој Дувњак (Кил) – 800.000 евра
5. Кристијан Бјорнсен (Алборг) – 700.000 евра
5. Лука Цундриќ (Барселона) – 700.000 евра
7. Никлас Ландин (Кил) – 650.000 евра
8. Алекс Гомез (Барселона) – 500.000 евра
8. Арон Палмарсон (Алборг) – 500.000 евра
10. Аитор Арино (Барселона) – 475.000 евра

Треба да знаете
Последни објави