Ериксен ќе игра за Брентфорд осум месеци по срцевиот удар

Англискиот премиерлигаш Брентфорд потпиша шестмесечен договор со данскиот репрезентативец Кристијан Ериксен откако не му беше дозволено да игра во Италија. Ериксен нема играно откако доживеа срцев удар на Европското првенство во јуни, по што му беше вграден кардиовертер дефибрилатор (ИЦД), што е посебен тип пејсмејкер.

„Ја искористивме шансата да доведеме првокласен фудбалер во Брентфорд“, изјави тренерот Томас Франк.

Дваесет и деветгодишниот Ериксен ја освои шампионската титула со Интер минатата сезона, но прифати раскин на договорот во декември бидејќи во Серија А не е дозволено да играат фудбалери кои имаат ИЦД. Во Англија не постои такво ограничување.

Откако го напушти Интер, Ериксен тренираше со својот бивш клуб Оденсе и кажа дека сака да ја обнови кариерата со цел да игра на Светското првенство во Катар. Тој помина седум сезони во Тотенхем, пред да дојде во Интер во 2020.

„Сонувам да се вратам во репрезентацијата и да докажам дека тоа што се случи веќе нема да се повтори. Сакам да докажам дека сум го надминал тоа и дека можам повторно да играм за националниот тим“, изјави Ериксен.

Брентфорд, кој моментално е стабилен на 14-та позиција на табелата во Премиер лигата. „Пчелите“ имаат осум бода повеќе од Њукасл, кој е прв под линијата.

Треба да знаете
Последни објави