Репрезентацијата на Шпанија е првиот финалист на ЕУРО 2022 откако во полуфиналето ја совлада Данска со 29:25.
Данска добро го започна натпреварот но потоа дозволи Шпанија да замине на пауза со еден разлика. Во второто полувреме на 8 минути до крајот „Фуријата“ поведе со 24:21 и заслужено дојде до победата.