Search

Шпанците неубедливи, ама сe полуфиналисти на ЕП

Шпанија завери место во полуфиналето, ја совлада Полска со 27-28 (13-14) во првиот меч од последното коло во главната фаза во групата 2 . Актуелниот бранител на титулата не мина лесно, иако очекувањата беа поинакви, особено ако се земе во предвид дека противникот имаше позитивни случаи на коронавирус. Во составот на „фуријата“ за овој дуел се врати Жоан Кањелас, а херојот е Касадо, имаше двојна одбрана во самиот финиш.

Бранителот ќе го игра шестото полуфинале во низа со надеж дека ќе стане втората селекција која успеала да освои три титули по ред на Европските првенства. Но, за вакво нешто Шпанците ќе мора да бидат поубедливи.

На почетокот на мечот се чинеше дека Шпанија лесно ќе дојде до триумфот, поведе со 1-4 и 3-7, но наиде на силен отпор. Полска се врати, со серија од 3-0 израмни на 11-11. На другата страна избраниците на Жорди Рибера едвај се изборија за 11-12 на одморот.

Малку подобра игра на шпанските ракометари им донесе позитива од три гола 16-19, која ја одржуваа до 43. минута. Дашек доближи на 21-22, откако на другата страна противникот остана со играч помалку. И не застана тука, намали на 23-24, пропушти напад за изедначување во 49. минута.

Кањелас и Сармиенто казнија две грешки, па Шпанија дојде на 23-26, па на 24-27. Полска не успеа да приреди нов пресврт, иако на минута и пол намали на 27-28, а Шпанците беа загубени. Коралес имаше двојна одбрана за победа на својата репрезентација. Полјаците останaа на само еден бод во главната рунда и на последното место на табелата.

Гомез, Касадо и Соле имаа по четири гола, Морито запиша шест гола кај Полска.

Треба да знаете
Последни објави