Search

Канје Вест бара конечно зелено светло за неговиот документарец

Канје Вест побара конечно одобрување на неговиот претстоен документарен филм за „Нетфликс“.

44-годишниот рапер се огласи на Инстаграм за да повика за финална монтажа на документарниот филм Jeen-Yuhs, кој требаше да биде премиерно прикажан на виртуелниот филмски фестивал „Санденс“.

„Ќе го повторам ова за последен пат. Морам да добијам конечна верзија и одобрување на овој документарец пред да биде објавен на Нетфликс“.

Хитмејкерот објасни дека сака да го контролира својот „сопствен имиџ“. Тој напиша: „Отворете ја просторијата за монтажа веднаш за да можам да бидам одговорен за мојот имиџ. Однапред ви благодарам“.

Треба да знаете
Последни објави