Search

Британците тврдат: Пеп ќе биде селектор на Холандија

Пеп Гвардиола би можел да биде следниот холандски селектор, најавува британски „Мирор“.

Се погласни се шпекулациите дека шпанскиот стручњак во летото 2023 година, по истекот на договорот, ќе го напушти Манчестер Сити со кој од 2016 година освои три, а на добар пат е да освои и четврта титула во Премиер лигата.

Холандската фудбалска федерација наводно сериозно работи на планот да му го понуди селекторското место на Гвардиола кое во моментов го држи Луј ван Гал. Гвардиола во неколку наврати говореше дека нема да го продолжи договорот со Сити и дека би сакал да биде селектор.

„Мислам дека ќе биде доста по седум години во овој клуб. Ќе земам пауза, а потоа би сакал да водам некој јужноамерикански клуб или европска или јужноамериканска репрезентација. Би сакал да играм Копа Америка“, изјави Гвардиола минатото лето.

Холандија веќе неколку пати му пристапува со понуда за селекторската клупа на трофејниот стратег. Кај Гвардиола има голем интерес да биде предводник на „лалињата“, најмногу бидејќи се работи за сиклучително талентирана нација, која традиционално негува напаѓачки и технички фудбал.

Со преземањето на Холандија би сакал да му оддаде почит на својот фудбалски татко Јохан Кројф. Токму холандската легенда го доведе Гвардиола во Барселона како играч, кога Кројф се врати на „Камп Ноу“ како тренер.

Пред да го преземе Манчестер Сити, Шпанецот беше тренер на Баерн, а претходно со огромен успех ја предводеше Барселона.

Треба да знаете
Последни објави