Search

Ериксен: Ќе играм на Мундијалот

Данскиот фудбалер Кристијан Ериксен по седум месеци планира спектакуларно враќање на терените.

Поранешниот играч на Интер, кому му се слоши на ЕП 2020, по што му ставија дефибрилатор, планира да се врати на терените во Премиер лигата.

Островските медиуми пренесуваат дека тој има три понуди како слободен играч, и дека наскоро ќе одлучи каде ќе игра.

Ериксен изјави дека негова желба е повторно да заигра на големата сцена.

„Мојата цел е да играм на Светското првенство во Катар. Тоа е мојот менталитет. Тоа е целта, сонот. Сигурен сум дека можам да се вратам, не чувствувам дека е поинаку. Физички се чувствувам совршено“, изјави Данецот.

Свесен е дека нема да му биде лесно по се што се случи.

„Знам дека ми претстои долг пат, но ќе се обидам да играм фудбал и да можам да се вратам на истото ниво“, изјави данскиот интернационалец.

Тренерот на Тотенхем, Антонио Конте неодамна изјави дека „вратите на клубот се секогаш отворени“ за него, па се шпекулира дека повторно би можел да заигра во дресот на лондонскиот клуб.

Треба да знаете
Последни објави