Search

Директорот на „Фајзер“: Јас сум голем фан на Ѓоковиќ и знам дека прележувањето на болеста добро штити

Во последните неколку дена не престануваат реакциите за правната битка меѓу Новак Ѓоковиќ и Австралија. Некои го поддржуваат најдобриот светски тенисер, некои го осудуваат, а некои одбиваат да го коментираат процесот, но ги искажуваат своите ставови за вакцинацијата. Меѓу нив е и директорот на компанијата „Фајзер“, Алберт Бурла.

Во интервју за „Блумберг“, Бурла истакна дека Ѓоковиќ се заразил со коронавирус во последните три месеци, што значи дека тој сигурно има доволно антитела за да биде добро заштитен во моментот. Сепак, посочи и дека заштитата добиена со прележување на болеста не е толку силна како заштитата што ја дава вакцината.

„Јас сум голем навивач на Новак Ѓоковиќ, но не можам да навлегувам во детали дали ја имал потребната документација за влез во Австралија или не. Тоа е меѓу него и властите, како и докторите. Верувам дека прележаниот вирус дава заштита од инфекција, не само во овој случај туку и воопшто. И тоа некое време“, рече Бурла, додавајќи:

„Во многу земји низ Европа, сертификатот важи шест месеци по последната примена доза од вакцината, а во случај на прележан вирус само три месеци по позитивниот тест. Значи, заштитата што ја добивате по прележување на болеста не трае толку долго како после вакцината. Тоа е она што за што јас можам да зборувам“, рече Бурла.

Треба да знаете
Последни објави