Search

„Моќта на кучето“и „Приказна од западната страна“ доминираа на „Златните глобуси“

Вестернот „Моќта на кучето“ (The Power of the Dog) и римејкот на „Приказна од западната страна“ (West Side Story) освоија најмногу награди во неделата (9 јануари) на мала церемонија на доделување „Златни глобуси“ што се одржа без вообичаената сјајна постава на врвни холивудски телевизиски и филмски ѕвезди.

Актерите, режисерите и филмските студија годинава во голема мера го игнорираа настанот по критиките во 2021 година дека неговите организатори, Здружението на странски новинари во Холивуд (HFPA), работеле со сомнителни етички политики и без афроамерикански членови.

Телевизијата „Ен-би-си“, која со години наназад ја пренесуваше церемонијата, одлучи да не ги емитува овогодинешните награди.

„Приказната од западната страна“ на Стивен Спилберг, сторија за млада љубов што се раѓа во рамки на ривалски улични банди, беше прогласен за најдобар мјузикл или комедија филм. Во продукција на „Волт Дизни ко“, филмот заработи вкупно три трофеи, вклучувајќи го и тој за најдобрата актерка, кој заврши во рацете на Рејчел Зеглер.

„Моќта на кучето“ на „Нетфликс“ исто така освои три награди, вклучително и за најдобра режија, Џејн Кемпион.

Други актерски почести му припаднаа на Вил Смит за улогата на решителниот татко на тениските ѕвезди Венус и Серена Вилијамс во King Richard и Никол Кидман за улогата Лусил Бол во „Being the Ricardos“. Ендрју Гарфилд ја освои наградата најдобар актер за улогата на драматургот Џонатан Ларсон во мјузиклот Tick, Tick… Boom.

Треба да знаете
Последни објави