Ѓоковиќ „доби“сосетка: Приведена чешка тенисерка која веќе одиграла подготвителен турнир во Мелбурн

Новак Ѓоковиќ не е единствениот, австралиските погранични служби денеска ја приведоа и чешката тенисерка Рената Ворачова, инаку 81-та тенисерка во светот. Австралиските медиуми јавуваат дека од Ворачова е побарано да ја напушти земјата, визата и е укината и се чини дека и нејзе ја чека истата процедура како најдобриот тенисер на светот.

Интересно, на Рената претходно ѝ беше дозволен влез во земјата, па дури и одигра подготвителен турнир во Мелбурн. Згора на тоа, таа беше на теренот пред само два дена кога беше поразена во двојки со Катаржина Питер.

Според Бризбејн Тајмс, извор близок до случајот рекол дека Чехинката влегла во Австралија со медицинско ослободување врз основа на прележан Ковид-19 во последните шест месеци.

38-годишната тенисерка сега е во истиот хотел со Ѓоковиќ“, се вели во текстот на истиот медиум.

Се верува дека Ворачова влегла во Австралија уште минатиот месец, а нејзиното изземање  наводно било одобрено од Тенис Австралија, државното раководно тело за тенис.

Во овој момент не е јасно дали таа исто како и Новак и неговиот тим ќе поднесе жалба.

Треба да знаете
Последни објави