Наставник од Берлин кој го убил партнерот за да го изеде осуден на доживотен затвор

Наставник од Берлин е  осуден на доживотен затвор за убиство на друг човек, a за коe судијата рече дека билo извршен како дел од „канибалистички фантазии“.

42-годишникот, идентификуван само како Стефан Р. во согласност со германските правила за приватност, исто така беше осуден и за нарушување на мирот на мртвите, по судењето што почна во август.

Државниот суд во Берлин утврди дека обвинетиот убил 43-годишен механичар во септември 2020 година „за да ги исполни своите канибалистички фантазии“, објави новинската агенција ДПА.

-Она што го направивте беше нечовечко, рече судијата претседавач, Матијас Шерц.

Според истражителите, мажите се запознале на портал за запознавање и се согласиле да се сретнат за секс во станот на наставникот во Берлин. Судот утврдил дека обвинетиот таму го убил својот познаник, му го расекол телото и потоа оставал делови во различни населби на градот. Се вели дека жртвата не очекувала „напад врз сопствениот живот“.

Обвинетиот сè повеќе „развивал идеи за колење и канибализам“ и посетувал онлајн форуми за канибализам, рече Шерц.

Инспекторите пронајдоа пила за коски и специјални ножеви во неговиот стан.

Обвинителите рекоа дека обвинетиот ги отсекол гениталиите на жртвата со намера да ги изеде, а судиите се согласиле, но не можело да се утврди дали ја извршил таа намера, пренесе ДПА.

Полицијата поминала неколку недели во потрага по исчезнатиот механичар пред минувачи да пронајдат коски во берлинската шума.

Судот утврди дека обвинетиот има „особено тешка“ одговорност, што значи дека нема да има право на автоматско условно ослободување по 15 години, како што е вообичаено во Германија.

Обвинетиот ги оспори обвиненијата, велејќи дека го нашол својот познаник мртов на каучот откако ја поминале ноќта, а не повикал полиција или брза помош „бидејќи ќе се дознало дека сум хомосексуалец“. Одбраната бараше негова ослободителна пресуда.

Ова не е прв случај во Германија кој вклучува наводен канибализам или фантазии што го вклучуваат. Во 2006 година, судот го осуди Армин Мејвес за убиство и нарушување на мирот на мртвите затоа што убил и изел човек што го запознал преку Интернет. Мејвес отслужува доживотна затворска казна.

Германски полицаец беше осуден за убиство во 2015 година за убиство на човек што го сретнал на форум за разговор на интернет посветен на канибализмот. Обвинителите изјавија дека жртвата фантазирала дека ја јадат, но нема докази дека убиецот ја исполнил таа фантазија.

Треба да знаете
Последни објави