Карлеуша го пријавила сопругот за семејно насилство

Јелена Карлеуша нешто по 12 часот го пријавила Душко Тошиќ за семејно насилство, дознава Телеграф Џетсет.
Според изворот, Душко и удрил шлаканица на пејачката. Јелена Карлеуша одбила лекарска помош, а полицијата од Савски Венац била испратена на домашна адреса. Полицијата се уште е во нивниот дом.
Српските медиуми се обиделе да стапат во контакт со Јелена, како и со Душко, но одговор не добиле.
Да се потсетиме, ова не е прв пат Јелена да го пријави Душко во полиција.
Имено, пејачката пред две години изјави дека Тошиќ психички ја малтретирал и дека и ја свиткал раката, а тој сето тоа го негирал и рекол дека се расправале бидејќи имале несогласувања во бракот. Пејачката подоцна се предомислила и не сакала судски да го гони.

Треба да знаете
Последни објави