(Видео) Казино во Дојран издава фалисификувани ковид сертификати

Грчката телевизија Опен објави видео-сторија за казино во Дојран кое наводно издава фалсификувани ковид-сертификати, пренесува „360степени“.

Во емитуваниот прилог на телевизијата во сопственост на контроверзниот грчко-руски бизнисмен Иван Савидис се тврди дека извесно казино во близина на граничниот премин Дојран-Дојрани на македонска територија им обезбедува бесплатен лажен негативен тест на своите посетители со кој тие можат бебзбедно да се вратат во Грција.

Целта на сопственикот на казиното, како што тврди телевизија Опен, била да привлече што поголем број клиенти овозможувајќи им олеснето поминување на граничните контроли.

Лажните сертификати за брз тест, според видео-сторијата, се документи од овластен дијагностички центар, во кои без да биде извршено какво и да е тестирање, само се пополнуваат имињата на клиентите.

До Министерството за внатрешни работи досега не е пристигната пријава за казино во Дојран во кое наводно се издаваат фалсфикувани ковид сертификати, но ќе бидат извршени проверки во врска со наведеното, потврдуваат оттаму за „360 степени“.

Треба да знаете
Последни објави