Познат распоредот на полуфиналните натпревари во англискиот Лига куп

Организаторите на англискиот фудбалски Лига куп го соопштија денеска распоредот на полуфиналните натпревари, кои се на програмата на почетокот од идната година.

Првиот натпревар од полуфиналето меѓу лондонските ривали Челзи и Тотенхем ќе се игра на 5 јануари, а ден подоцна во Лондон ќе играат Арсенал и Ливерпул.

Реванш натпреварите се една седмица подоцна, а сите започнуваат во терминот од 20:45 часот.

Минатата сезона титулата ја освои екипата на Манчестер сити, која сезонава беше елиминирана во осминафиналето од Вест Хем.

Треба да знаете
Последни објави