Почина Бранко Кацарски поранешен кошаркар на Работнички

Македонската кошарка денеска остана без уште едно свое големо име. Животниот натпреавр на 65 годишна возраст го загуби Бранко Кацарски, член на една од најдобрите генерации на кошаркари од КК Работнички од Скопје. Популарниот „Кацар“ ќе остане запаметен како дел од славниот тим на популарните „железничари“ од „Градски парк“ во кој беа уште други големи имиња како Благоја Георгиевски-Буштур, Драган Радосављевиќ, Драган Васиљевиќ…

Популарниот „Кацар“ по завршувањето на играчката кариера остана активен во мак-баскетото како директор на најдобрата македонска репрезентациоја која во првпат настапи на Европско првенство, во 1999 година во Франција.

 

Треба да знаете
Последни објави