Наследството на „Матрикс“ во реалниот свет, од црвени апчиња до заговори и дипфејк-монтажи

Во пресрет на четвртото продолжение „Матрикс: Воскреснувања“, 18 години од завршувањето на оригиналната трилогија, светските медиуми го разгледуваат трајното и пророчко наследство на сагата.

„Не ја знам иднината… Не дојдов овде да ви кажам како ќе заврши ова, дојдов овде да ви кажам како ќе започне“.

Во завршниот монолог на „Матрикс“ од 1999 година херојскиот лик на Кијану Ривс, Нео, испорачува остро предупредување до машините што го контролираат светот, откако откри дека човештвото е заробено во симулирана реалност.

Објавен додека општеството беше на работ на интернетска револуција и вознемирено од т.н. милениумската бубачка, филмот не само што го допре технолошкиот развој од тоа време, туку постави далекусежни прашања за интернетот, свеста и општествената контрола.

Сестрите кокреаторки на „Матрикс“, Лана и Лили Вачовски, својата дистописка визија лабаво ја засноваа на делото на францускиот академски филозоф Жан Бодријар, еден од највлијателните постмодернистички теоретичари.

Долго време пред Ривс да го облече палтото на Нео, тие побараа тој да ја прочита книгата „Симулакрум и симулација“ на Бодријар (1981) за да се подготви за улогата.

Треба да знаете
Последни објави