Мбапе направи роденденска забава без Меси, Нејмар… а другите му донесоа дрес на ПСЖ со 2050 !

Еден од најдобрите млади фудбалери, францускиот репрезентативен напаѓач од редовите на ПСЖ, Килијан Мбапе синоќа со соиграчите прослави 23 роденден. На забаваата беа поголемиот дел од сопиограчите од редовите на „светците“, но не и конкурентите за „прва виолина“ во тимот Бразилецот Нејмар и Аргентинецот Лионел Меси, како и Ди Мариа, Мауро Икарди. Оние кои дојдоа за се забавуваат му донесоа оригинален подарок, дрес од ПСЖ на кој беше испишан бројот 2050 !

Ова беше провокација за Мбапе кој од поодмана најавуа дека сака да си замине од Париз. Неговата цена предвреме да ги напушти „светците“ беше превисока, но затоа пак налето кога ќе му заврши договорот ќе може да избира нова средина како слободен играч.

Желбата на соиграчите е Мбапе да остане во ПСЖ, но тој се поверојатно е дека следната сезона ќе го замени дресот на „светците“ со оној од „кралевите“ на Реал Мадрид.

Треба да знаете
Последни објави