Манчестер јунајтед сака да го задржи Кавани до следното лето

Напаѓачот на англискиот фудбалски премиерлигаш Манчестер јунајтед, Единсон Кавани може да остане во тимот до летото 2022 година, пишува „Дејли Мејл”.

Според британскиот весник, поради ситуацијата со коронавирусот, Во Јунајтед не би сакале да загубат добар играч пред време.

Договорот на Кавани истекува на крајот од сезоната 2021/22. Беше објавено дека Барселона би сакала да го придобие Уругваецот во претстојниот (зимски) преоден рок.

Самиот фудбалер е подготвен да оди во каталонскиот клуб и да игра за помала плата.

Триесет и четиригодишниот Кавани оваа сезона има постигнато еден гол во осум настапи за „црвените ѓаволи”.

Треба да знаете
Последни објави