Кијану Ривс ја изненадил Сандра Булок со тартуфи и шампањ откако спомнала дека никогаш не пробала

Неколку дена пред многу очекуваниот „Матрикс: Воскреснувања“ да пристигне во кината и на „ХБО макс“, фановите можеа да слушнат уште една интересна приказна за Кијану Ривс, кој важи за еден од надобрите луѓе во Холивуд.

Таблоидите пишуваат за еден убав гест, еден од многуте раскажани од ѕвезди кои лично го познаваат.

Една таква приказна раскажува неговата колешка од „Брзина“ (Speed), Сандра Булок, која во интервју за Esquire откри како еден ден ја изненадил со шише шампањ и тартуфи, откако таа случајно спомнала дека никогаш претходно нема пробано тартуфи.

Тие првпат се запознаа на снимањето на „Брзина“, и се дружеа една година по објавувањето на филмот. Во една прилика, таа му кажала дека никогаш претходно не пробала тартуфи. „Навистина?“ ѝ рекол Кијану, и очигледно, не го заборавил разговорот.

Неколку дена подоцна, Кијану заѕвонил кај неа дома. Кога ја отворила вратата, тој стоел со цвеќиња, шампањ и тартуфи. „Помислив дека можеби ќе сакаш да пробаш шампањ и тартуфи, за да видиш какви се“, ѝ рекол.

Булок на крајот на интервјуто запраша: „Колку луѓе познавате кои се како него? Сигурно многу малку или ги нема.“

Ова се случило пред повеќе од две децении.

Таа појасни дека тие никогаш не биле во врска, сметале дека тоа можело да го уништи големото пријателство меѓу нив.

Треба да знаете
Последни објави